Безбедност и здравје при работа
Систем за управување со безбедност и здравје при работа
ISO 45001:2018 смисловно ги има опфатено барањата на стандардот BS OHSAS 18001:2007 и e дополнето со нови наоди. Сето заедно се темели на пропишаната структура на стандардите на системите за управување. Веќе во самиот вовед на стандардот е нагласено значењето на посветеноста и подршката на раководството кон развојот, управувањето и промоцијата на таква безбедносна култура, која ќе го поддржува работењето на системот за управување со безбедност и здравје при работа.
Комуникацијата, советувањето и соработката имаат добиено во стандардот посебно место. Од организацијата, помеѓу другото се очекува системот за управување со безбедност и здравје при работа да го интегрира во нејзините деловно процеси.
Стандардот ISO 45001 на почеток смисловно ги дефинира изразите, за потоа да продолжи со барањата во поглед на контекстот (рамка на организацијата) и раководењето, каде што значителен дел од барањата се насочени кон соработката со вработените. Следни се поглавјата за планирање и работење. Меѓу другото, кај работењето се вклучени барањата во врска со набавките и изведувачите, како и управувањето со функциите и процесите кои им се доверени на надворешни изведувачи. Стандардот логично завршува со вреднување и подобрувања на перформансите и со збир на дополнувања заедно со упатства за примена на стандардот.
Контакт
Игор Арсовски
- Фиксен телефон: +389 2/6156-707
- мобилен телефон: +389 75/44-33-42
- igor.arsovski@siq.si