Словенечки институт за квалитет и метрологија, Љубљана
За нас
SIQ е стручна, независна и непристрасна институција, која нуди целосни решенија во областа на тестирањето и сертифицирањето производи, оценување на системите за управување, метрологија и образование. Со широка и комплетна понуда, ги поддржуваме напорите на организациите да ги постигнат своите цели за квалитет на производите и услугите и да ги следат своите погледи за зголемување на продуктивноста и деловната успешност. Меѓународната препознатливост и стручното ниво на нашата работа се потврдуваат со бројни акредитации и членства во меѓународни сертификациски шеми и здруженија.
Мисија и вредности
Со своите партнери градиме транспарентни и чесни односи. Им нудиме целосни решенија, кои се темелат на знаење, непристрасност, независност и стручност. Мисијата на SIQ е да им овозможи на понудувачите брз влез на пазарот со производи и услуги, кои одговараат на сите очекувани и признати стандарди. Во центарот е крајниот купувач на овие производи и услуги, кој поради нашата потврда не е потребно да поставува прашања, дали производот е безбеден и дали навистина ги исполнува ветувањата што ги навел производителот. SIQ одржливоста на своето работење ја обезбедува преку целосна стручна независност, која се темели на непрофитен статус и тесна врска со потрошувачите, производителите, законодавците и регулаторите.
Независност и непристрасност
Активностите за оценување, верифицирање, контрола и сертифицирање на SIQ се изведуваат во согласност со политиката за сертифицирање или контрола. Организациската структура осигурува дека кадарот при извршувањето на секојдневните задачи не е под влијание на кого било, кој има директен комерцијален интерес во врска со утврдувањето на усогласеноста, и дека при работењето не доаѓа до конфликт на интереси. SIQ, исто така, гарантира неутралност при извршувањето на сите свои услуги, со тоа што не спроведува консултантски активности при воспоставувањето и/или одржувањето на усогласеноста со стандардите. Искреноста, независноста и непристрасноста се наши вредности.
Со вас 60 години
Почетокот на активностите за тестирање, мерната техника и одржувањето на мерачите почна во 1964 година, кога оваа активност почна во Секторот за мерење и квалитет во Заводот за автоматизација. Цело време го ширевме и усовршуваме опсегот на услуги во сите области на работењето. Активностите за тестирање и сертифицирање на производите и метрологијата ги вршиме уште од самите почетоци во раните шеесетти години, а активноста за оценување и сертифицирање на системите за управување беше воведена во раните деведесетти години. Понудата ја заокружуваме со семинари и постојани обуки во областа на образованието.
Контакти