Безбедност и здравје при работа
Општествена одговорност
Општествената одговорност е поим кој се менува со време и од учесниците кои го употребуваат. Некои, помеѓу нив е и Европската комисија, сметаат дека општествената одговорност е пристап кој може да значи предност на организацијата. Дали е тоа така? Во светот се развиле и ќе се развиваат различни модели на уредување на општествената одговорност: од тесно насочени кон поединечен учесник на општествената одговорност (на пр. SA 8000) до холистични, но затоа и пообемни модели или упатства (на пр. ISO 26000). Некои од нив овозможуваат известување (на пр. GRI ), други дури сертифицирање (на пр. SA 8000, IQNET SR 10), а третите изрично го забрануваат последното (ISO 26000).
Пред некое време својата спецификација за општествена одговорност ја има издадено меѓународното здружение на сертификациските тела IQNET, која е наречена IQNET SR 10 Social responsability management systems – Requirements (Системи за управување со општествена одговорност- Барања). Исто така и SIQ e дел на IQNET-овата шема за сертифицирање на општествената одговорност. Проверките ги изведуваме со сопствени проверувачи, додека одлуката за доделување на сертификатот ја усвојува комисијата од здружението на сертификациските тела IQNET во Швајцарија.
Стандардот IQNET SR 10 е алатка, чија употреба може на организациите да им допринесе поурамнотежено и насочено работење кон траен развој. Имено, при своето работење организаците мораат да ги земат во предвид сите свои заинтересирани страни, со што последично повеќе ги знаат и владеат различните ризици на кои што се изложени. Истовремено со тоа ги исполнуваат очекувањата на засегнатите страни и се повеќе општествено одговорни. Со сертифицирањето организациите јасно ја претставуваат својата насоченост и работењето во поширокото опкружување, што е огледалото на нивните активности. Една посебност на проверките на системите за управување со општествената одговорност е дека не се изведуваат само во организацијата, туку и кај сите нејзини значајни странки (добавувачи, купци,…). Токму поради наведеното овие проверки се предизвик за организациите и сертификациските тела.
Kaква е состојбата во Словенија? Прегледувањето на интернет страните на словенечките организации покажуваат идеална слика, бидејќи не постои организација, која барем посредно не се повикува на својата општествена одговорност. Некои од нив за своето општествено одговорно работење редовно известуваат или го прикажуваат поинаку (на пр. Хорус – словенечка награда за општествена одговорност) и на тој начин го „обработуваат” полето за општествена одговорност на организациите, но тие се за жал малцинство. Повеќето се такви кои се декларираат и обврзуваат на општествено одговорно работење, но нивните дела покажуваат сосема спротивна слика. Сепак, и покрај наведеното, во Словенија постојат неколку организации кои би ги поминале проверките на системите за управување со општествена одговорност без поголеми тешкотии. Прва организација од Словенија, која што се сертифицирала според барањата на IQNET SR10 е ELRAD International d.o.o. (денес ELRAD ELECTRONICS d.o.o.) од Горна Радгона. На тој начин таа им се придружи на групата општествено одговорни организации од Германија, Шпанија, Италија, Белгија, Русија, Кина и Јужна Кореја, каде што организациите се веќе вклучени во шемата на сертифицирање на општествената одговорност. Списокот на сите поделени сертификати може да се види тука.
Масовно сертифицирање во Словенија веројатно не можеме да го очекуваме. За сертифицирање ќе се одлучуваат само најдобрите организации, бидејќи сертификацијата е своевидно огледало на организацијата и наспроти најдобрите желби не е секогаш најубаво, односно што би рекол Aldous Huxley: “Ако повеќето од нас остануваат несвесни за себе, тоа е затоа што самоспознавањето е болно и затоа претпочитаме да уживаме во илузијата”.
Спецификацијата на IQNET SR10 може бесплатно да ја добиете со испраќање на барање на igor.arsovski@siq.si.
Контакт
Игор Арсовски
- Фиксен телефон: +389 2/6156-707
- мобилен телефон: +389 75/44-33-42
- igor.arsovski@siq.si