Претставување
Систем за управување со животна средина
Што е систем за управување со животна средина?
Системот за управување со животната средина вклучува сеопфатно управување со еколошките аспекти на производните или услужните активности. Тоа вклучува исполнување на законските барања како и управување со трошоците, ефикасно користење на ресурсите, спречување на загадувањето и одговарање на барањата и очекувањата на деловните партнери, сопствениците одн. основачите на организацијата и другите заинтересирани страни.
За стандардот
Во употреба е веќе третото издание на стандардот ISO 14001 (Систем за управување со животна средина – Барања со упатство за употреба). Во стандардот се опфатени барањата поврзани со современиот пристап на »zero waste«, eco-design, циклично стопанство преку т.н. управување со производите преку нивниот целосен животен циклус (lifecycle perspective). Од првото издание во 1996 година до 31.12.2022 согласно со барањата на стандардот се сертифицирани веќе 529.853 организации од 179 држави широм светот (според ISO Survey 2022). Се работи за втор по ред најмногу сертифициран систем за управување, а стандардот е применлив за сите видови организации, независно од гранката или големината.
Главни чекори во поставувањето на системот:
- одлука на раководството,
- почетен преглед на животната средина,
- запознавање со стандардите ISO 14004 и ISO 14001,
- планирање на воспоставувањето на системот,
- препознавање на значајните аспекти за животната средина и законските барања,
- определување на политика за животната средина,
- определување на целите за животна средина и програми за постигнување на целите,
- препознавање на заинтересираните страни,
- развој на начините за комуницирање,
- подготовка на програми за обука,
- мерења, одржување и прегледи,
- понатамошни подобрувања.
Зошто SIQ?
- Целосни решенија
- Професионалност и стручност
- Независност и непристрасност
Дали ве интересира нешто повеќе?
Контактирајте не, придружете се кон информативните обуки или испратете прашалник.
Контакт
Игор Арсовски
- Фиксен телефон:+389 2/6156-707
- мобилен телефон: +389 75/44-33-42
- igor.arsovski@siq.si