Претставување

Систем за управување со безбедноста на храната

Значење на системот HACCP

Свеста за значењето на безбедната храна за здравјето на луѓето е во пораст, како во светот така и кај нас. Секој носител на прехранбената дејност е должен да се погрижи за безбедноста и квалитетот на своите производи и услуги. За најуспешен метод за обезбедување на безбедна храна низ целиот ланец на исхрана, од преработка на суровини до крајниот корисник, се покажал системот HACCP (Hazard Analysis Critical Control Points), кој се темели на пропишаниот меѓународен референтен документ (FAO/WHO) Codex Alimentarius од 1997 година и го употребуваат потрошувачите, произведувачите, преработувачите, трговците и државните органи при својата работа.

Во Македонија и во земјите на ЕУ, HACCP системот е законски пропишан и мора да го исполнуваат сите носители на прехранбената дејност. Организациите може да ја искажуваат усогласеноста на своите производи и услуги со начелата на HACCP со сертификат или со изјава, која на организацијата ја доделува независна институција. Со тоа организацијата во јавноста може да искаже дека системот за управување со безбедноста на храната бил прегледан од стручно оспособен проверувач, кој суштински се изведува и е под надзор на независна институција, која издава сертификат или изјава.

Во SIQ ги подготвивме и следните услуги на подрачјето на безбедна храна

Проверка и сертифицирање на системот HACCP како надоградба на системот ISO 9001

Организациите, кои веќе имаат сертификат за управување со квалитетот согласно ISO 9001, истиот може да го надоградат со сертификат, кој ја потврдува усогласеноста на системот за управување со барањата на системот HACCP. Сертифицирањето вклучува проверка на документацијата, сертификациска проверка на системот во претпријатието, годишна проверка на делувањето на системот и обновителна проверка на секои три години. Сертификатот важи се додека претпријатието ги исполнува барањата на стандардот ISO 9001 и системот HACCP. Кредибилноста на сертификатите на SIQ ја потврдува Словенечката акредитација (СА) и здружението на светските сертификациски тела IQNet.

ISO 22000

Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во 2005 година издаде самостоен стандард ISO 22000 – Системи за управување со безбедноста на храната– барања за сите организации во прехранбениот ланец. Тој претставува решение за изедначување на сите стандарди за обезбедување на безбедност на храната, кои во моментот се меѓународно признати. ISO 22000 ги здружува сите барања на системот HACCP согласно Codex Alimentarius, а покрај тоа уште и правилата на добра работна и добра хигиенска пракса, следливоста и означувањето на храната. Стандардот е употребен во сите фази на прехранбениот ланец.

Организациите кои имаат во своите деловни ситеми уште сега вграден било кој од стандардите ISO (ISO 9001, ISO 14001, …), имаат предност при воведувањето на барањата на стандардот ISO 22000. Сертификатот за исполнување на барањата на стандардот ISO 22000 уште полесно ќе го добијат организациите, кои веќе имаат сертифициран систем HACCP. Кредибилноста на сертификатите на SIQ ја потврдува Словенечката акредитација (СА) и здружението на светските сертификациски тела IQNet.

Оценка на состојбата на HACCP системот во организацијата и кај добавувачите

Во организациите, кои веќе имаат воспоставен HACCP систем, изведуваме независно оценување на усогласеноста на системот со барањата на HACCP и даваме мислења и препораки, кои организацијата ја насочуваат кон понатамошни активности и подобрувања на веќе поставениот систем. По позитивната оценка на состојбата, даваме изјава за усогласеноста со барањата на HACCP системот. Со добиената изјава, организацијата се искажува пред своите купувачи и добавувачи и на тој начин значително придонесува кон квалитетот и безбедноста на храната низ целиот прехранбен ланец, во која и самата е значаен член. Изведувањето на HACCP системот го прегледуваме исто така и кај добавувачите и подизведувачите и за тоа даваме стручна и непристрасна оценка на состојбата.

Периодичен надзор на HACCP системот во организацијата

Секоја организација мора веќе воспоставениот HACCP систем да го прилагодува на развојот и другите промени кои ги воведува во постоечките процеси. Доколку сака да го следи брзиот развој и секогаш поголемите барања на потрошувачите, мора да ги следи и законските промени на подрачјето на прехраната и во секој момент да обезбеди, дека и покрај воведените промени, сеуште ефикасно го изведува HACCP системот. Заради тие причини потребно е истиот периодично да го прегледува, оценува и подобрува. Грижата како да направите план за периодична оценка на состојбата, можете да ни ја препуштите нам. Ќе се погрижиме за стручна изведба.

Зошто да се добие сертификат

Со сертификатот или изјавата, организацијата во јавноста или на своите партнери им покажува дека ги исполнила барањата за HACCP и со тоа непосредно:

  • поттикнува доверба во очите на јавноста, купувачите и надзорните органи;
  • ја подигнува својата конкурента преднос на пазарот и на јавните огласи;
  • обезбедува непристрасна и континуирана контрола над системот;
  • поттикнува непрекината надоградба и подобрување на системот во согласност со законските прописи и меѓународниот референтен документ Codex Alimentarius.