Претставување

Системи за управување со енергија

Енергијата е една од поголемите предизвици на современото општество. Употребата на енергија претставува скоро 60% од светската емисија на стакленички гасови. Eнергетската ефикасност и климатските промени се клучен дел од 17-те цели на долгорочниот развој во Агендата на Обединетите нации 2030.

За стандардот

Од своето прво издание пред седум години, ISO 50001 добива се поголемо значење. До крајот на 2017 година се издадени вкупно 22.850 сертификати на системите за управување со енергија според стандардот ISO 50001 (ISO Survey), од кои 84,7% во Европа.

Крајната цел на стандардот е да помогне на организациите при поставувањето на соодветни системи и постапки кои се потребни за подобрување на енергетската ефикасност. Систематското управување со енергијата би требало да допринесе кон намалување на трошоците за енергија и до намалување на емисијата на стакленички гасови.

Погодност за употреба

Употреблив е во организации од секаков вид и големина, без оглед на географските, културните и општествените околности. Стандардот на системот за управување со енергија може да се употребува самостојно или во интеграција со останатите системи за управување.

Стандардот се однесува само на активности кои се под контрола на организацијата. Системот за управување со енергија им овозможува на организациите:

  • да постават енергетска политика;
  • да ги препознаат значајните подрачја на потрошувачка на енергија или подрачјата за зголемување на енергетската ефикасност;
  • препознавање и пратење законските обврски и други барања;
  • поставување на енергетски цели и приоритетни акции;
  • обезбедување на извори, функции, одговорности и надлежности на подрачјето за управување со енергија;
  • поставување на надзор, преглед и оценка на енергетските активности, со кои би се обезбедило функционирањето на системот за управување со енергија според планираното и да се постигнат енергетските цели;
  • полесно да се прилагодат кон променливите околности.

Зошто SIQ?

  • Целосни решенија
  • Професионалност и стручност
  • Независност и непристрасност

Дали ве интересира нешто повеќе?

Контактирајте не, придружете се кон информативните обуки или испратете прашалник.