Претставување

Систем за управување со квалитет

Значење на системот за управување со квалитет

Меѓународната организација ISO (The International Organization for Standardization) првпат го издала стандардот ISO 9001 во 1987 година, а денес е во употреба веќе четвртото издание на стандардот. Стандардот ги почитува начелата за управување со квалитет, кои ги употребуваат успешните организации во светот и претставува извадок од добрата деловна пракса. Насочен е пред се кон ефикасноста на системот за управување при исполнувањето на барањата на купувачите. Наменет е за сите организации, како производни така и услужни, без оглед на големината и организираноста. Можете да го употребувате како помош за постигнување на вашите цели:

  • да се следат само најдобрите,
  • да го управувате и подобрувате своето работење и
  • зголемување на задоволството на своите купувачи.

Стандардот во своите поглавја ги определува барањата за:

  • системот за управување со квалитет (Систем за управување со квалитет),
  • работењето на раководствотo (Одговорност на раководството),
  • управување со ресурсите (Управување со ресурси),
  • изведување на основната деjност (Реализација на производ) и
  • надзор (Мерења, анализи и подобрувања).

Исполнувањето на наведените барања во организацијата ви овозможува да здобиете сертификат за системи за управување со квалитет по ISO 9001.

Зошто да добиете сертификат

Со сертификатот во јавноста или на своите деловни партнери им докажувате, дека ги исполнувате барањата на ISO 9001 и со тоа непосредно:

  • побудувате доверба во очите на јавноста, купувачите и надзорните органи;
  • ја подигнувате својата конкурентна предност на пазарот и на јавните огласи;
  • обезбедувате непристрасен и континуиран надзор на системот;
  • поттикнувате постојана надоградба и подобрување на вашиот систем во согласност со признатите меѓународни стандарди, актуелните законски барања и избраните посебни критериуми за оценување.

Корист од системот за управување

насоченост према купувачите, поефикасно управување, подобра вклученост и јасни односи меѓу вработените, воведување на процесен пристап, системски пристап кон управувањето, постојано подобрување, одлучување на основа на аргументи, партнерски односи со добавувачите.

Така создадените услови, Ви овозможуваат поуспешно работење, подобра прегледност на организацијата и постојано прилагодување на промените со ефикасни деловни и производни процеси.

Сертификациска постапка

Сертификациската постапка започнува со сертификациска проверка, со која го констатираме исполнувањето на барањата на стандардот ISO 9001 и ја изведуваме во два дела. Во првиот дел ја проверуваме документацијата и ја оценуваме воспоставеноста на системот за управување со квалитет. Во вториот дел ја оценуваме воспоставеноста, изведувањето и ефикасноста на системот за управување со квалитет. На основа на констатациите од сертификациската проверка, Комисијата за сертификација на системи за управување решава за доделување на сертификатот.

Доделениот сертификат има важност од три години, а со годишните проверки ја проверуваме соодветноста на изведувањето, одржувањето и подобрувањето на системот за квалитет. По три години изведуваме обновителна проверка, која го заклучува тригодишниот период и доколку констатираме соодветност на системот за управување со квалитет, Комисијата за сертификација донесува одлука за доделување на ново издание на сертификатот.

Главни чекори при воспоставувањето на системот:

  • одлука на раководството,
  • запознавање со стандардот,
  • воспоставување на системот,
  • сертификација на системот,
  • изведување, прегледување и подобрување на системот,
  • понатамошно подобрување.

Интеграција на системот за управување со квалитет со другите системи за управување

Системот за управување со квалитет, како што определува стандардот ISO 9001, претставува основа и почетна точка за останатите системи за управување. Останатите стандарди и системи определуваат исполнување на специфичните барања во однос на поедини стручни подрачја:

  • управување со животната средина – ISO 14001, EMAS,
  • управување со енергијата – ISO 50001,
  • безбедност и здравје при работа – ISO 45001,
  • безбедна храна – ISO 22000,
  • безбедност на информациите – ISO/IEC 27001.

Организациите со уредени, прегледани и управувани системи за управување согласно ISO 9001 имаат добра основа за интеграција на останатите системи за управување.